Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дали намигнувањето на Чеферин откри кој е спасителот на Лигата на шампионите и кој ги сруши 12-те најголеми

Расколот помеѓу европските великани и УЕФА на најдобар можен начин го користи првиот човек на ПСЖ Насер Ал Келаифи, кој е именуван за претседател на Асоцијацијата на европски клубови. Келаифи е газда на ПСЖ, а поради начинот на кој го презема парискиот клуб и силното вбризгување на пари во екипата, многу љубители на фудбалот велат дека францусккиот тим е вештачки.

Но, шеикот од Катар десет години раководи со еден од најголемите и најмоќните тиови во светот,но до тоа дојде со помош на големото богатство стекнато со продажба на нафта.

Изминатиот период ПСЖ неколку пати беше под истрага на УЕФА за крешење на финансискиот фер плеј со сомнителни спонзорски договори и поголемото трошење од дозволеното.

Сепак, УЕФА се чини дека ги затвори очите. Му дозволи на Келаифи да влезе во Извршниот одбор без разлика на контроверзното минато. Но, зошто? Веројатно затоа што ПСЖ и Баерн Минхен се двата најзвужни клубови кои веднаш рекоа не на 12-те најголеми за формирање на Суперлигата. Со пропаѓањето на овој проект УЕФА остана во живот.

Потегот на првиот човек на УЕФА, Чеферин на конгресот и намигнувањето на Ал Келаифи веројатно доволно кажува.