Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дибала му открил на Дел Пијеро како се лекува од корона, нема лекови!

Паоло Дибала по трет пат е позицитен на коронаворис, како и неговата девојка Оријана. На прашањата на искусниот Дел Пијеро, кои разговараа онлајн, Дибала одговараше за симптомите и лекувањето.

-Со Оријана сме дома во Торино, чекаме ова да помине. Имавме само симптоми, не баш силни, но беше многу непријатно. Моите симптоми траеја подолго и не можев да правам некои работи, да тренирам и да одржувам кондиција. Лекарите ме советуваа да не земам никакви лекови, ми даваа само витамини и сега сум добро. Чекам ново тестирање. За среќа моето семејство во Аргентина е негативно, вели тој.

Дел Пјеро во моментов со семејството се наоѓа во Лос Анџелес, од каде му посака на Дибала што поскоро да оздрави,

-Повеќе од порано сега се играм со децата, барам начин да се опуштам. Не е лесно, меѓутоа затворени сме во четири ѕида, па почнавме часови за шпански јасик. Со децата дома зборувам италијански за да не го заборават мајчиниот јазик. Ми недостасува Италија, но добро ми е тука, се чувствувам добро, иако животот е потполно поинаков, вели Дел Пјеро.