Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Драма во четвртфиналето на У-17 ЕП: Голманот доби бизарен црвен картон во текот на пенал серијата

Невидена драма се случуваше синоќа во Честерфилд, каде што репрезентациите на Холандија и Ирска го играа четвртфиналниот натпревар од европското првенство У-17.

Откако регуларниот дел на натпреварот заврши 1:1, следеше пенал серијата каде Холандија беше поуспешна и славеше со 5:4, и се пласира во полуфиналето каде ќе игра против репрезентацијата на Англија.

Меѓутоа, натпреварот го одбележа една ретко видена ситуација, за која до вчера мислевме дека е невозможно. Пред да биди 4:4, голманот на Република Ирска, Коркоран го одбрани ударот на Редан и славеше се додека главниот судијата не му покажа црвен картон.

На општо изненадување на сите кои го следеа натпреварот, судијата одлучи да го исклучи младиот голман, затоа што ја напуштил гол линијата пред да биди изведен пеналот. Поради ова главниот судија му покажа жолт картон, а претходниот го доби во 60. минута, и го исклучи од игра во најважниот дел од средбата.