Connect with us

SPORTM.mk

(ВИДЕО) Ф1 покажаa први кадри од болидот за 2021 година

Формула 1 ги објави првите фотографии на прототипот на болидот за сезоната 2021. Кадарот е од воздушниот тунел на Заубер. Според техничкиот директор на тимот од Формула 1, Пат Симондс, резултатите од тестовите во воздушниот тунел се исклучителни. За официјалната страница на Ф1, Симондс објасни дека податоците ќе бидат презентирани на сите десет екипи во првенството.

Формула 1 сè уште работи на структурирање на правилата за следната генерација тркачки автомобили. Регулативите за сезоната 2021 година ќе бидат изменети за да може полесно да се преминува а конкуренцијата да биде поголема.

– Тестовите што ги извршуваме се малку поразлични од оние на тимовите. Ние сме заинтересирани за тоа како автомобилот реагира различно, додека тимовите се борат да извлечат максимум од автомобилот на еден начин. Во воздушниот тунел, ние користиме многу напредни техники кои обично не ги користат тимовите, коментира Симондс.

Според него, резултатите се над она што очекувал да се постигне со овие тестови.

Користениот воздушен тунел е сопственост на независна советничка група Заубер и од Формула 1 уверуваат дека Алфа Ромео нема да има предност од добиените информации.

Новите правила за сезоната 2021 година ќе бидат објавени до крајот на октомври. Сегашните Ф1 пилоти, исто така, дадоа свое мислење како тие треба да изгледаат.

 



Извор: Нетпрес