Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Филипе Мело „полуде“ кога го доби големото засилување на ФИФА 19’

Филипе Мело на друштвените мрежи објави видео во кое беше одушевен откако го доби легендарниот Роналдо на ФИФА 19’

Мело на Инстаграм објави неколку видеа на кој заедно со својот син и својата ќерка го слават добивањето на големото засилување.

Сега Бразилецот го има Роналдо кој има оцена 96, а овој напаѓач со одлични вештини го користат и многу играчи на ФИФА на големите турнири.

Филипе Мело сега може да го додаде Роналдо на доличната двојка која ја има во тимот, а тоа се Кристијано Роналдо со оцена 94 и Пеле со оцена 95.