Connect with us

Фудбал

ФОТО: Финалето од Купот на Македонија пред само 200 гледачи

Големото финале од Купот на Македонија се игра пред само 200 навивачи на трибините. Откако Чкембарите му „откажаа“ љубов на Пелистер, тие денеска во Струмица се борат без поддршка од трибините.

На стадионот „Младост“ има само навивачи од Тетово, односно Шкендија.

Стадионот „Младост“ располага само со една покриена трибина. Во моментов во Струмица има обилни врнежи од дожд, а единствено позитивно на натпреварот е песната на навивачите на Шкендија.

Се сеќаваме на минатата година, кога во прекрасна атмосфера се играше исто финалниот натпревар од Купот на Македонија.