Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Фудбалерите на Сити додека прославуваа го турнаа трофејот, а потоа се јави Серхио Рамос

Фудбалерите на Манчестер Сити пред неколку дена ја прославија титулата во Англија на Етихад.

Играчите на Пепа Гвардиола ја обезбедија титулата на шампион неколку кола пред крајот на сезоната, и тие го прославија овој успех за време на викендот со навивачите. Сепак, прославата не остане незабележана, бидејќи во еден момент за време на преголемото радување, фудбалерите на Сити му го турнаа трофејот.

Невнимателен беше Олександр Зинченко , но за среќа трофејот не беше оштетен. После тоа, следеа разни коментари на негова сметка, а Илкај Гундоган се најде во центарот на вниманието кој праша дали некој знаеше некое место каде што би можел да го поправи трофејот.

На задоволство на многумина на неговиот твит одговори Серхио Рамос кој во 2011 година имал уште поголем проблем. Тогаш на Рамос му падна трофејот додека со своите соиграчи беше на отворен автобус и заврши под тркалата. Рамос на шега му порача на Гундоган дека знаете каде може да се поправи трофејот, но дека таму не се јавил веќе седум години.