Фудбал
ВИДЕО: Фулам го изненади Лестер, гол посветен на сенегалската ѕвезда која премногу рано замина од овој свет
Екипата на Фулам направи изненадување вечерва откако славеше на гостински терен со 2:1 против фаворитот Лестер. Стрелци на головите за победничката екипа беа Лукман во 30-та и Кавалиеро во 38. минута, а за Лестер почесниот погодок го постигна Барнс во 96. минута.
Стрелецот на првиот гол Лукман го посвети својот погодок на поранешната сенегалска ѕвезда Папа Диоп, кој почина на 42-годишна возраст по тешка и долга полест. Тој боледуваше од невролошката болест. Диоп ќе остане запаметен како стрелец на првиот гол на СП во 2002 година и тоа во сензационалната победа на Сенегал против тогашниот светски првак Франција.