Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Генијалните провокации го полудеа Грилиш, Гвардиола „експлодира“

Во финишот на натпреварот Манчестер Сити – Атлетико Мадрид атмосферата на стадионот Етихад беше наелектризирана.

Од една страна имаше екипа која напаѓаше и сакаше да игра фудбал, а од друга страна екипа која играше во невиден систем 5-5-0 за модерниот фудбал.

Победникот конечно беше решен со еден гол. Го постигна Кевин Де Брујн. Атлетико доживеа голем срам бидејќи не упати ниту еден удар во рамката.

Фудбалерите на Атлетико беа малку исфрустрирани на крајот од натпреварот. Пример за тоа е сцената на десет минути пред крајот кога Кореа ја шутна топката во Грилиш додека лежеше на тревата.

Англичанецот стана и сакаше да се пресмета со Аргентинецот, но Пеп Гвардиола беше побрз па навреме го запре својот играч.

Пеп прво им се развика на играчите на Атлетико и ги праша дали се луди, а потоа се обиде да спречи уште поголема пресметка со тоа што го оттурна Грилиш и му кажа дека мисли на играта.

После тоа на сцена стапуваат Балканеците Савиќ и Врсаљко кои во тандем се обидоа да го полудат најскапиот Англичанец во историјата.

Савиќ прво му удри лесна шлаканица, додека Врсаљко го влечеше за коса, а Грилиш само се насмеа на сето тоа. Ја ставил раката преку устата да не ги снимаат камерите и им одговори.

Во Сити знаат дека во Ванда Метрополитен ги чека пекол бидејќи резултатот 1:0 е многу остварлив. На тоа предупреди Гвардиола.

„Треба да ги контролираме емоциите и да го направиме она што треба да го направиме. И таму ќе има судија“, рече Гвардиола.

„Мора да останеме смирени и да не паѓаме на нивните потези. Очекувам сличен натпревар во Шпанија, но Атлетико ќе мора повеќе да напаѓа“, изјави стрелецот на победничкиот гол.

Реванш натпреварот се игра за седум дена.