Фудбал
ВИДЕО: Го нема Мурињо, Герет Бејл се разигра, три гола во мрежата на противникот
Екипата на Тотенхем со убедливи 4:0 го совлада Шефилд и води во трката за освојување на место за пласман во Лига Европа. Она што е интересно е тоа што Герет Бејл, кој го критикуваше Мурињо за неговата лоша форма се разигра. Мурињо доби отказ, а Велшанецот игра се подобро. Вечерва три гола постигна во мрежата на Шефилд. Четвртиот беше дело на Сон.
Тотенхем има 56 бодови, пет помалку од Челзи кој е на четвртото место, последната позиција која носи пласман во ЛШ. До крајот има уште вкупно 12 бодови, но се чини дека Челзи нема да ја испушти оваа шанса.
Standings provided by SofaScore LiveScore