Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Ѓоковиќ-Јас нема да се вакцинирам против Ковид-19

Во групен онлајн разговор со најдобрите српски спортисти, се зборуваше за многу нешта, но секако главна тема беше коронавирусот односно Ковид-19. Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ порача дека нема намера да се вакцинира.

-Постои одредена цензура кај медицинските експерти кои зборуваат за решенијата кои не  се вклопуваат со решенијата на официјалната медицина. Би сакал да постојат повеќе дебати, разлики и мислења. Ние не сме од таа струка, па не можеме за тоа да зборуваме. Јас би сакал повеќе да се зборува за имунитетот, вели Ѓоковиќ, кој додава:

-Јас сум прв против вакцина, нема да се вакцинирам. Доколку тоа биде задолжително ќе размислам. Сега стојам на овој став, но дали ќе се промени, кога ќе морам да патувам не знам. Постојат шанси тенисот да продолжи во август или септември, но мали се шансите. Но, која ќе биде тоа вакцина која се уште ја нема, прашува Ѓоковиќ.