Други спортови
ВИДЕО: Ѓоковиќ повторно го погоди линискиот судија во глава!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со топка повторно го погоди линискиот судија во главата.
За време на натпреварот против Карен Качанов, Новак ненамерно го погоди судијата, но овојпат тоа беше надвор од игра и нема сомнеж дали тоа било намерно или не.
Поради тоа, тој нема да биде казнет или дисквалификуван, како што беше случај на УС Опен, кога Србинот мораше да го напушти турнирот.
Тогаш, на паузата помеѓу гемовите, Ѓоковиќ со топка го погоди линискиот судија во главата и автоматски беше дисквалификуван.
?#RG20 (?@Eurosport_RU ) pic.twitter.com/d8IJNiUbwG
— doublefault28 (@doublefault28) October 5, 2020