Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Хамшик има нов клуб, навивачите му приредија спектакуларен пречек

Поранешната ѕвезда на Наполи и словачката репрезентација Марек Хамшик има нов клуб. Тој се договорил со шведски Гетеборг. Пречекан е како големо засилување на аеродромот, а нема сомнеж дека очекувањата на фановите на овој клуб се големи. 33-годишниот фудбалер 12 години го носеше дресот на Наполи, забележа 520 настапи и постигна 121 гол. Освои три трофеји со Наполи, а потоа во 2019-та година како слободен играч замина за Кина.