Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Хјустон ја прекинаа серијата од 14 гостински победи на Голден Стејт

Хјустон Рокетс ја прекинаа серијата од 14 гостински победи на Голден Стејт Вориорс со 108:116.

Дуелот меѓу двете водечки екипи во Западната конференција во Хјустон му припадна на домаќин, во чиј состав по паузата поради повредата на грбот се врати Џејмс Харден кој постигна 22 кошови, но главен играч синоќа беше Крис Пол со 33 поени и 11 скокови.

Голден Стејт остана на 14-те победи на гости и не успеаја да го соборат рекордот од 16 гостински триумфи во серија на Лос Анџелс Лејкерс од сезоната 1974/75. Кевин Дурант со 26 и Стефен Кари со 19 поени сепак дадоа премалку за да се избегне вториот пораз од Хјустон во нивниот трет дуел сезонава.