Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Хокеарски пак усмрти 14-годишник, камерите го снимија трагичниот момент!

14-годишниот Всеволод Малков загина во Санкт Петербург за време на тренингот на неговиот тим во хокеј на мраз.

Момчето случајно било погодено од пакот во градите, па за жал починало бидејќи било невозможно да се спаси.

Овој трагичен момент камерите го снимија за време на тренингот на училишен хокеарски клуб во Св. Петербург.

14-годишното момче прво се свиткало, а потоа паднало на мразот откако бил погоден во срцето. Лекарот од тимот веднаш почнал да му помага на оштетениот и повикал брза помош. Откако пристигнале на местото на настанот, спасувачите започнале со реанимација.

Срцето на момчето повторно прескокнало, но за жал само за момент. Според руските медиуми, 14-годишното момче е хоспитализирано во состојба на клиничка смрт. Констатирана му е затворена траума на градниот кош, контузија на срцето и белите дробови.

Клубот води внатрешна истрага. Хокеарскиот клуб СКА изрази сочувство до семејството и пријателите на Малков. Соопштено е дека неговите родители и роднини ќе ја добијат сета потребна помош.

Видеото можете да го погледнете овде.