Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ибра го „запали“ Лос Анџелес постигна хет-трик за 24 минути

Златан Ибрахимовиќ ќе биде ѕвезда каде и да оди, па така и во САД откако го одигра првиот натпревар за Лос Анџелес Галакси. Сапак, сега стана главен јунак на својот клуб и на навивачите, по победата над Орландо Сити од 4:3, нај заслужен за победата беше Златан.

Тој успеа за 24 минути да постигне хет-трик и да донесе пресврт. Победничкиот гол го постигна во 71. минута, а другите два гола ги постигна со глава. Учествуваше и во првиот гол кога во 39. минута му асистираше на Дос Сантос.

Ибра другите два голови ги постигна во 47. и во 67. минута, а оваа сезона постигна 15 и е трет на листата на најдобри стрелци.