Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ибрахимовиќ и Хернандез претставија нова тактика за слободни удари, но не се прославија

По првото полувреме, играчите на Милан водат на гостувањето кај Селтик со 2:0.

Првиот гол за гостите го постигна Раде Круниќ кој во 14. минута одмавна со глава кон мрежата на шкотскиот тим по асистенција на Кастилехо.

„Росонерите“ стигнаа до 0:2 во финишот на првото полувреме, а овојпат во списокот на стрелците се запиша Брахим Дијаз.

Но, првиот дел од натпреварот го одбележа слободниот удар за гостите. Ибрахимовиќ и Тео Хернандез демонстрираа нови тактики за слободните удари, но за жал тие не се прославија.