Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Играчот на Торино го молеше судијата за жолт картон, но залудно

Невообичаена ситуација е забележана на натпреварот меѓу Торино и Удинезе во неделата.

Удинезе славеше со 2:0 против Торино, а головите ги постигнаа Молина и Пусето во продолжението.

Натпреварот го одбележаа бројни картони, па судијата Рапуано покажа три опомени за домашните и пет опомени за гостите, вклучувајќи го и исклучувањето на Мандрагора во 92. минута.

Иако судијата се покажа како лесен за покажување на картони, тоа не му помогна на играчот на Торино Буонџорн. Тој го напушти теренот со насмевка на лицето кога беше заменет во 52 минута од играта, бидејќи неговиот тим беше во водство.

Буонџорно имаше план да ги расчисти картите за дуелот со Венеција на домашен терен, за да биде подготвен за градското дерби со Јувентус, но неговите и плановите на стручниот штаб од Торино овојпат не вродија со плод.