Фудбал
ВИДЕО: Интер ја реши Фиорентина и обезбеди полуфинале на мегдан со Елмас
Интер славеше над Фиорентина со 2-1. По голема борба успеа да слави над Фиорентина и да патува во полуфиналната фаза на Копа Италија. На овој меч деби за новиот клуб имаше и Кристијан Ериксен кој го засили Интер од англискиот премиерлигаш Тотенхем.
Интер успеа да поведе по 44 минути игра и тоа преку Кандрева, по што следеше израмнува во 60. минута кога Фиорентина преку Касерес погоди за 1-1.
Само седум минути подоцна Барела успеа да го постигне својот прв гол на мечот и така да ги постави конечните 2-1 и да му обезбеди полуфинале на Интер против Наполи.
Интер во полуфиналето ќе игра против Наполи. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Јувентус и Милан.