Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер одвај избори четвртфинале во купот

Лидерот на табелата во Серија А, Интер синоќа спречи вистинска сензација, откако на пенали со 5:4 го победи третолигашот Порденоне и се пласира во четвртфиналето на Купот на Италија.

По основните 90 и дополнителните 30 минути немаше гол. Порденоне е само третата екипа која успеала да не прими гол од Итер оваа сезона. Претходно во првенство тоа им успеа на Јувентус и на Наполи.

Во пенал-рулетот решавачка се покажа седмата серија. Пароди не погоди, а Нагатомо обезбеди победа за неро-азурите.

Противник на Интер во следната рунда ќе биде подобриот од пресметката Милан – Верона.