Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Ирвинг со 47 поени ја продолжи победничката низа на Селтикс

Кошаркарите на Бостон Селтикс го запишаа 16. триумф по ред откако ноќеска се радуваа на гостувањето кај Далас Маверикс. Резултатот по основните 48 минути беше 96:96, а по продолжението Бостон победи со 110:102.

Уште една маестрална партија прикажа Кајри Ирвинг кој натпреварот го заврши со 47 поени, шест асистенции и три скока.

Во домашниот тим најефикасен беше Харисон Барнс со 31 поен.

Бостон има најдобар ефект во досегашниот дел од НБА лигата со 16 победи и два пораза, додека Далас е екипата со најлош скор – 15 порази и само три победи.