Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски одговараше за Спорт Клуб за големиот бод со Манчестер Јунајтед. Новинарот на Спорт клуб му рече на македонски да зборува, по што Алиоски на шега рече, малку ми е тешко, но потоа секако на македонски јазик одговараше на сите прашања.