Фудбал
ВИДЕО: Јунајтед триумфираше кај Барнли – влезе во игра за ЛШ!
Манчестер Јунајтед славеше на гостувањето кај Барнли (0-2) и со две последни победи се најде на петтата позиција на табелата во Премиер лигата.
Тимот во наредното коло на први јануари игра со Арсенал на „Емирати“. Барнли, пак, се наоѓа на тринаесеттото место, има три порази во последните пет кола и во наредната рунда е домаќин на Астон Вила.