Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Јувентус стигна до Скудетото број 34

На „Старата Дама“ и беше доволен само бод од последните две кола за да ја осигура титулата и избраниците на Алегри оваа цел ја остварија уште вечерва на Олимпико.

Во натпревар во кој Рома немаше посебни мотиви за надигрување, двата тима прикажаа премалку и мрежите мируваа во текот на сите 90 минути. На крајот сите се радуваа, Рома за местото во Лигата на шампионите, а Јувентус за новото Скудето.