Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каков гол во единствената лига во Европа каде се игра фудбал, во стилот на нашиот Шаќири

Фудбалерите на БАТЕ Борисов во 4.коло од белорускиот шампионат, на гостински терен го совладаа Минск со 3:0. Најубавиот момент на мечот се случи во 62.минута кога Павел Нехајчик постигна гол директно од корнер.

Ова е во стилот на нашиот Артим Шаќири, поранешен репрезентативец на Македонија и еден од најдобрите фудбалери кои ги имала нашата земја. Тој истото го стори тоа на гостувањето против Англија во Саутемптон кога директно од корнер му даде гол на Дејвид Симан.

 

А, ова е голот на Артим Шаќири (Англија – Македонија 2:2/16-ти окромври 2002 година)