Фудбал
ВИДЕО: Каков меч во Мадрид, пет голови, драма, на крајот победа на Реал
Вистински дерби меч одиграа вечерва Реал Мадрид и Интер, кој на крајот заврши со победа на „Кралевите“ од 3:0. Реал постигна два гола набрзина преку Бензема во 25-та и Рамос во 33-та минута.
Но, Интер врати во 35-та преку Лаутаро Мартинез. Во второто полувреме целосна доминација на Интер, која вроди со плод во 68-ма минута кога Перишиќ на асистенција на Мартинез израми на 2:2.
Веднаш потоа две големи шанси на гостите од Милано, но Мартинез и Перишиќ не погодија од добри прилики. Потоа „казната“стигна по една контра кога Родриго погоди за конечни 3:2.
Овие две екипи повторно ќе се сретнат на 25-ти ноември во Милано, а тоа ќе биде последна шанса за Интер за место кое носи пласман во нокаут фазата.
На вториот меч од оваа група Менхенгладбах со убедливи 6:0 славеше на гостувањето кај Шахтјор. Токму германскиот тим е лидер на табелата со 5 бодови, следува Реал Мадрид со 4, исто колку и Шахтјор, а Интер е последен со само два бода.
Резултати ЛШ, 3.коло
Локомотив Москва – Атлетико Мадрид 1:1
Шахтјор – Менхенглдбах 0:6
Аталанта – Ливерпул 0:5
Манчестер Сити – Олимпијакос 3:0
Мидтјиланд – Ајакс 1:2
Порто – Марсеј 3:0
Реал Мадрид – Интер 3:2.
Салцбург – Баерн Минхен 2:6