Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каква глупост на Азар, славеше пласман на Челзи во финалето, па стана непријател број еден на навивачите на Реал Мадрид

Челзи ќе игра во финалето во ЛШ, а таму го чекаше Манчестер Сити. Ова стана јасно откако синоќа лондонскиот тим со 2:0 славеше на домашен терен на реваншот со Реал Мадрид. Првиот меч заврши 1:1.

Фантастичен меч одигра Челзи, а Реал разочара. Сепак, во Шпанија ретко кој зборува за резултатот и поразот на „Кралевите“. Причина за тоа е Еден Азар. Фудбалерот кој во ниту еден момент не ги оправда 100-те милиони евра вложени во него е снимен по мечот како се гушка и се смее со фудбалерите на Челзи. Иако спортски пружена рака и честитка е прифатливо, сепак неговото однесување не е. Со ова Азар стана непријател број еден на фановите на Реал Мадрид. По ова видео, но и по лошата сезона, Азар сигурно е веќе поранешен член на „Кралевите“. Инаку, Белгиецот токму од Челзи дојде во Реал.

Реклама

Facebook