Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каква лудница, Лукаку низ улиците на Милано пее и ја слави титулата

По ремито помеѓу Сасуоло и Аталанта, Интер е промовиран во нов шампион на Италија. На четири кола до крајот „Нероаѕурите“ имаат 13 недостижни бодови за конкурентите. Веднаш почна славје. Низ улиците на Милано, но и на плоштадот се собраа илјадници фанови на Интер.

На улица излезе и Лукаку, кој пееше шампионе, шампионе додека се возеше низ улиците на Милано.
Ова е прва титула на Интер по пауза од единаесет години, а практично е прекината доминацијата на Јувентус од девет титули во низа.