Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каква вест од Холандија, фудбалер на Ајакс се разбуди по повеќе од две години поминати во кома

Холандско-мароканскиот фудбалер Абделхак Нури се разбуди од кома по две години и девет месеци. На пријателскиот меч со Вердер во 2017-та година овој играч се сруши на теренот и колабираше. Веднаш е хоспитализиран и било утврдено дека има проблеми со срцето.

Сега, е буден, а тоа го потврди неговиот брат.

-Тој спие, јаде, прави гримаси. Но, и натаму е многу зависен од другите. Со него е можно да се разговара само во одредена мерка, на пример комуницираме со него на начин што тој ги крева веѓите. Но, во моментов тоа е одлична состојба за него, изјави Абдерахим, брат на фудбалерот на Ајакс.