Фудбал
ВИДЕО: Крај на европската турнеја за Шкендија
Шкендија беше поразена од Тотенхем со 1:3 во квалификацискиот натпревар за Лига на Европа.
Гостите од Англија влегоа во овој натпревар како фаворити и уште на самиот почеток од натпреварот го отворија резултатот. Ламела во 5. минута ја затресе мрежата на Шкендија и погоди за водство на Тотенхем од 0:1.
Со овој резултат екипите заминаа на полувреме.
Во 55. минута од натпреварот Шкендија успева да го изедначи резултатот на 1:1 со прекрасниот гол на Нафиу, кој барем малку влеа надеж дека домаќинот може да се носи со великаните како Тотенхем.
Во 70. минута од натпреварот Тотенхем успеа повторно да го преземе водството. Сон беше прецизен и му донесе водство на својот тим од 1:2.
Во 79. минута од натпреварот Хери Кејн ги постави конечните 1:3 за Тотенхем.