Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Куман го критикува ВАР по поништениот гол на Холандија против Франција

Роналд Куман, селекторот на холандската фудбалска репрезентација, изрази незадоволство од одлуката на англиските судии кои го поништија голот на Чави Симонс во мечот против Франција. Според Куман, Дамфрис, кој беше во офсајд, не пречел на видното поле на францускиот голман Мајк Мењан.

Мечот помеѓу Холандија и Франција, кој заврши без голови, ќе остане запаметен и по контроверзната одлука на ВАР. После две ипол минути проверка, голот на Симонс беше анулиран, при што ВАР судиите, предводени од Стјуарт Атвел, оценија дека Дамфрис го блокирал видното поле на голманот.

„Тој не му пречеше на голманот. Не реагираше бидејќи не можеше да стигне до топката, а не поради блокадата. Ако судијата треба пет минути да одлучи, тогаш сомнежите се доволно големи и голот треба да се признае“, изјави Куман, изразувајќи фрустрации од одлуката што можеби го чинела Холандија важни поени на турнирот.