Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лампард му одржа лекција на учителот Анчелоти

Франк Лампард и неговиот Челзи стигнаа до убедлива победа од 4:0 против Евертон, тим кој го предводи неговиот „учител“ Карло Анчелоти. Како што е познато, Анчелоти беше тренер на Челзи, додека Лампард беше капитен на „сините“.

Маунт, Педро, Вилијан и Жиру беа стрелци на головите, по два во секое полувреме. Ова е прва нивна пресметка, од која Лампард излегува како поуспешен од Анчелоти.

Со оваа победа Челзи собра 48 бодови и се наоѓа на четвртото место, додека Евертон со 37 бодови е на 13-тата позиција.

Standings provided by Sofascore LiveScore