Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Легендарен напаѓач-Имам 3,5 милиони презервативи, ќе ја решам кризата

Фаусто Асприља, некогаш успешно играше на фудбалските терени, а сега се чини дека е успешен во сосема поинакво поле.

Тој се најде во центарот на вминанието во сред решавање на глобалниот проблем со презервативите.

Познато е дека поради глобалната коронакриза, сопрено е и производството на презервативите, па поради тоа Колумбиецот се нуди да го реши проблемот.

Во видеото кое тој самиот го сними, тврди дека има на „лагер“ 3,5 милиони презервативи, бидејќи неговиот бизнис е токму со ова. Како што вели тој, тешко му било да ги искористи сите, па решил да ги стави на попуст, два по цена за еден.

Неговиот бренд на презервативи се нарекува Тино, токму како и неговиот прекар, а изгледа дека е подготвен да ја искористи целата ситуација.

Асприља играше за Њукасл, Парма, Флуминенсе и Палмеирас, кариерата ја заврши во 2004-та година, а има 57 настапи за селекцијата на Колумбија.