Connect with us

Фудбал

Ливерпул испушти победа, Клоп разочаран

Фудбалерите на Ливерпул синоќа во 5.коло од Лигата на шампионите по само половина час имаа водство на гостувањето кај Севиља со 3:0, но и тоа не им беше доволна на крајот да го освојат целиот плен. Натпреварот заврши нерешено 3:3, а менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп рече дека неговите играчи во второто полувреме едноставно престанале да играат.

 Престанавме да играме фудбал во второто полувреме. Беше во ред што почувствувавме голема самодоверба во првите 45 минути. Но, вистинскиот проблем е што сопревме во продолжението по паузата. Нашата најголема грешка беше тоа што не игравме фудбал 15 минути, бевме премногу пасивни и повлечени. Ако ништо друго, пласманот во следната фаза се уште зависи од нас, изјави Клоп.

На другите натпревари од петтата рунда во сегментот Е-Х постигнати се следниве резултати:

Бешикташ – Порто 1:1,
Спартак Москва – Марибор 1:1,
АПОЕЛ – Реал Мадрид 0:6,
Борусија Дортмунд – Тотенхем 1:2,
Манчестер Сити – Феенорд 1:0,
Монако – Лајпциг 1:4 и
Наполи – Шахтјор 3:0.