Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Луд меч во Торино со седум голови, фантастични акции и два пенали

Неверојатен меч попладнево одиграа Торино и Лацио. На крајот „Римјаните“ славеа со 4:3. Каков само развој на настаните имаше натпреварот, малку кој веруваше дека „сините“ ќе заминат со победа. Токму Лацио поведе со голот на Переира по само 15 минути игра. Но гостите се радуваа само четири минути, бидејќи во 19-та израмни Бремер. Пет минути подоцна, целосен пресврт. Торино поведува со голот на Белоти од пенал.

Само што започна второто полувреме, односно во 49-та минута Милинковиќ-Савиќ израмни на 2:2. Ново водство на Торино му донесе Лукиќ со гол во 87-та минута. Домаќините веројатно веќе ја прославија победата, но судиското продолжение беше кобно за нив. Најнапред во петата минута од судиското продолжение Имобиле од пенал израмнува на 3:3, а три минути подоцна Саиседопогоди за 4:3 и неверојатна победа на Лацио.

loading...

Facebook