Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лудило во Виљареал, безбедниот Ливерпул на колена!

Виљареал и Ливерпул го играат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, а гостите дојдоа до 2-0, но сега се се сврте.

Веќе на стартот на натпреварот домаќинот поведе, а вистинската драма дојде на крајот од првиот дел.

Прво, судијата Макелие ја пропушти можноста да го суди пеналот за Виљареал, откако Алисон го сруши Ло Селсо во ситуација еден на еден. Изгледаше како чист пенал, но холандскиот судија не го досуди бидејќи сметаше дека Бразилецот прв стигнал до топката.

Сепак, набргу потоа Кокелин погоди за 2:0. Удри со глава по уфрлањето на Капуе за лудница на стадионот.

„Црвените“ немаат идеи во текот на целиот меч, изгледаат немоќно, ќе видиме дали сепак ќе се пласираат во финалето.

Сè на сè, не чека вистинска драма во вториот дел од играта.