Фудбал
ВИДЕО: Лудница на мечот Сасуоло-Аталанта, Интер и официјално е првак на Италија!
Интер и математички ја обезбеди шампионската титула. „Нероаѕурите“ ја прекинаа деветгодишната доминација на Јувентус. По пауза од 2010/2011-та Интер прв пат е шампион на Италија.
Откако синоќа славеше против Кротоне со 2:0, денеска го чекаше исходот од мечот Сасуоло –Аталанта. Таму, лудница, но заврши онака како што сакаше Интер, без победник 1:1.
Овој дуел понуди се што може еден меч да понуди. Гостите прво останаа со играч помалку откако Голини во 23-а заработи исклучување. Но, со играч помалку Аталанта поведе со голот на Госенс во 32.минута.

Домаќините израмнија преку Берарди од пенал во 52.минута. Во 64-та поради ВАР поништен е гол на Локатели од Сасуоло. Во 76-та Аталанта промашува пенал, непрецизен беше Мурел, а претходно Марлон кај домаќините доби црвен картон.
До крајот на мечот остана 1:1. Ова значи дека на четири кола пред крајот Интер има 13 бодови предност во однос на најблискиот, а тоа е Аталанта. Интер е шампион, а сега останува битката за позициите кои носат пласман во ЛШ, а таму се тркаат Аталанта, Милан, Наполи, Јувентус, а шанси има и Лацио.