Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонски голман од Шпанија, во тешка ситуација сме, се зголемуваат бројките, оваа недела ќе дојде до „плафон“

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во интервју за Телевизија 24 зборуваше за ситуацијата со Ковид-19 во Шпанија, земја како и Италија која е една од најпогодените со смртоносниот вирус. Таму бројките драстично растат, во тешка ситуација се наоѓаат, а како што вели Димитриевски во текот на неделата што претстои се очекува бројките да стигнат до „плафонот“ односно да го доживат пикот на пандемијата.

Димитриевски настапува за Рајо Валјекано.

Разговорот на Телевизија 24 со Столе Димитривески можете да го погледнете на видеото подолу кое е објавено на Јутјуб каналот на телевизијата.