Фудбал
ВИДЕО: Македонскиот Меси утрово се сретна со својот прв тренер
Енис Барди утрово на совојот тренинг имаше средба со својот прв тренер Бедри Салиу, кој во текот на вчерашниот ден од трибините гледал како неговиот „ученик“ ја полни мрежата на една од најаките екипи во фудбалот, Барселона.
Тренерот Салиу беше горд што негово дете, постигна толку голем успех, а Барди пак е благодарен на својот прв тренер, па му подари и дрес.
Леванте за услугите на Еис Барди плати околу 1,5 милиони евра, па со девет погодока до овој момент и делба на првото место најдобар стрелец, тој е повеќе од исплатлива инвестиција. Македонецот особено ги импресионираше сите во Шпанија со својата техника за изведување слободни удари, и со пет гола од прекин веќе влезе во историјата на Леванте, а си обезбеди и место помеѓу легендите на Ла Лига како Меси и Роналдињо.