Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Меси од вечерва слободен играч, а реакцијата на претседателот на Барселона доволно говори

Лионел Меси за прв пат по 21 година од вечерва на полноќ нема да биде во сопственост на Барселона. Со оглед на тоа дека пред почетокот на минатата сезона бараше да замине, а Барса тоа не го дозволи и бараше 700 милиони евра, фановите стравуваат дека тоа ќе се случи сега и дека Аргентинецот ќе замине како слободен играч.

Но, се чини дека првиот човек на клубот Лапорта не е загрижен. Претседателот на Барселона беше пресретнат од новинарите и прашан за Меси, односно дека договорот му истекува вечерва, а тој само кусо одговори: Бидете мирни!