Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мирко Ивановски го спаси Хајдук од пораз

Мирко Ивановски конечно го најде патот до мрежата, но и покрај тоа продолжува мизерната форма на Хајдук Сплит, кој овојпат ремизираше со Интер Запрешиќ (2-2).
Домаќините први стигнаа до водство во 14. минута, а Хајдук израмни во 49. минута, но кратко траеше надежта дека може да направат пресврт.

Интер ја врати предност со голот на Марко Вукчевиќ во 57. минута, а во 75. минута, Ивановски со гол од пенал успеа да донесе само реми за неговиот клуб.

Хајдук по пет одиграни кола има три реми и два порази, па се наоѓа на катастрофалното осмо место во хрватската Првалига.

Sport1.mk