Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Моментот кога се повреди Кирил Лазаров

Капитенот на Македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, на вчерашниот натпревар се здоби со повреда во 10. минута од натпреварот по што го напушти теренот.

Според информации од ЕХФ кои беа објавени на „Твитер“, Лазаров нема да игра до крајот на Европското првенството (ЕП), додека пак информациите од Ракометната федерацаиј на Македонија (РФМ) ја демантираат таа информација.

Лазаров вели дека ќе ги чека резултатите од направените испитувања и дека сега е рано да се каже за неговата состојба.

Според видео снимката од ТВ преносот, може да видиме дека Лазаров не се здоби со голема повреда, но сепак останува да видиме што ќе покажат резултатите од направените испитувања.

Македонија утре го игра следниот натпревар од ЕП против Чешка од 20.30 часот.