Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мората спаси брука на Јувентус, Кристијано Роналдо незапирлив 16 сезони по ред

Јувентус на домашен терен се изнамачи против Ференцварош. Одигра 2:1, а згора на тоа и имаше негатива од 1:0. Стрелец на голот беше Узуни во 19-та минута.

Израмнувачкиот гол беше дело на Кристијано Роналдо во 35-та минута. Во втората минута од судиското продолжение Алваро Мората постигна гол за победа од 2:1.

Јувентус некако се провлече на овој меч, што е најважно победи и ги освои трите бода, па со Барселона, се патниците во нокаут фазата. Но, вреди да се напомене и учинокот на Кристијано Роналдо. Тој е едноставно незапирлив. 16-та сезона по ред постигнува еден или повеќе голови во Лигата на шампионите во групната фаза.

Интересно е тоа што неговата серија почна во 2005-та година во дресот на Манчестер Јунајтед, а како вечерва, така и тогаш противник беше Унгарски тим, но тогаш беше Дебрецен.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ВТОРНИК

ГРУПА Е

КРАСНОДАР – СЕВИЉА 1:2

РЕН – ЧЕЛЗИ 1:2

ТАБЕЛА: Челзи 10, Севиља 10, Краснодар 1, Рен 1

ГРУПА Ф

БОРУСИЈА ДОРТМУНД  – КЛУБ БРИЖ 3:0

ЛАЦИО – ЗЕНИТ 3:1

ТАБЕЛА: Борусија Дортмунд  9, Лацио 8, Бриж 4, Зенит 1.

ГРУПА Г

ДИНАМО КИЕВ – БАРСЕЛОНА 0:4

ЈУВЕНТУС – ФЕРЕНЦВАРОШ 2:1

ТАБЕЛА: Барселона 12, Јувентус 9, Ференцварош 1, Динамо Киев 1

ГРУПА Х

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – БАШАКШЕХИР 4:1

ПСЖ – ЛАЈПЦИГ 1:0

ТАБЕЛА: Манчестер Јунајтед 9, ПСЖ 6, Лајпциг 6, Башакшехир 3.