Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Му помагаше на својот повреден соиграч, стана да постигне гол, па се врати да му помогне

Неверојатна ситуација доаѓа од теренот од Израел каде се сретнаа Макаби Петах Тикава и Нетанја.

Во центарот на вниманието се најде фудбалерот на Макаби, Хабиб Хабибоу, кој постигна гол за својот тим, но тоа го направи на неверојатен начин. Еден од неговите соиграчи се жалеше на повреда во противничкиот петтерец и Хабиб бараше од неговиот тим да ја исфрли топката надвор од игра за да му се укаже помош.

Но, кога топката на крајот стигна во петтерецот на противничкиот тим Хабиб истрча и постигна гол, а потоа се врати до својот соиграч кој се уште лежеше на теренот. Голот на Хабиб е признат, а на неговиот соиграч му беше укажана помош.