Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мурињо го доби првото засилување за кое Бенфика платила 250 евра и 25 фудбалски топки

Жедсон Фернандеш официјално е нов фудбалер на Тотенхем. Тој доаѓа на 18-месечна позајмица од Бенфика, соопшти англискиот тим. Игра на позицијата централен играч за врска, а потекнува од фудбалската школа на Бенфика. Тој е прво засилување за Мурињо.

Светските медиуми пред само неколку дена објавија интересна сторија за Фернандеш, а која ја пренесе и Sportm.mk.

Имено, Бенфика го купила на 11 годинишна возраст од нисколигашот Фриелаш, односно во 2009-та. Договорот бил 250 евра и 25 фудбалски топки. Бенфика го исполнила договорот, платила, испратила и топки и го земала талентот.

Додека се развивал бил дел од фудбалските академии на Бенфика. Десет години подоцна тој игра за првиот тим, од неодамна е и дел од фудбалската репрезентација на Португалија и вреди неколку милиони евра.