Фудбал
ФОТО: Бенфика го купи за 250 евра и 25 фудбалски топки, сега има клаузула од 120 милиони евра
Жедсон Фернандеш, има 21-година. Го носи дресот на Бенфика и настапува во средниот ред. Интерес за него има од Тотенхем. Според проценките, во моментов неговата вредност на фудбалскиот пазар е околу 20 милиони евра. Сепак, во договорот со Бенфика стои клаузула од 120 милиони евра.
Мурињо го сака во своите редови, па ако не успее во јануари, тогаш со сите сили ќе тргне во јуни.
Но, за младиот Фернандеш има интересна сторија која ја открија англиските медиуми. Имено, Бенфика го купила на 11 годинишна возраст од нисколигашот Фриелаш, односно во 2009-та. Договорот бил 250 евра и 25 фудбалски топки. Бенфика го исполнила договорот, платила, испратила и топки и го земала талентот.

Додека се развивал бил дел од фудбалските академии на Бенфика. Десет години подоцна тој игра за првиот тим, од неодамна е и дел од фудбалската репрезентација на Португалија и вреди неколку милиони евра.