Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: На денешен ден Барселона го понижи Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“

Барселона и Реал Мадрид во изминатите 10 години одиграа неколку фантастични мечеви. За волја на вистината Каталонците се за нијанса поуспешни.

Се почна со доаѓањето на Пеп Гвардиола кој создаде силен доминантен тим против кој ниту Реал Мадрид не можеше да се избори. Нивната тики-така прекрасна игра и мелењето на противниците доби круна во 2011-та година токму на „Ел Класико“.

На денешен ден пред 11 години Барселона го понижи Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со неверојатни 6:2.

Стрелци за Барса беа Анри 2, Пујол, Меси, 2, Пике, за Реал Мадрид погодија Игуаин и Рамос.

Неколку дена по ова супер Ел Класико, Барселона ја заокружи фантастичната сезона. Титула во Шпанија и пехар во Лигата на шампионите.