Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: На кого му е лут Лаутаро Мартинез?!

Интер во саботата победи 2:0 против Џенова, а напаѓачот Лаутаро Мартинез кој имаше партија под очекувањата беше заменет во 72-та минута кога на негово место влезе Пинамонти.

Кога го напушти теренот Мартинез беше лут, а бесот го истрезе врз столчињата. За ова беше критикуван од медиумите, а на кого беше лут Лаутаро беше прашан и тренерот Антонио Конте.

-Ми рекоа дека Лаутаро тресна со тупаници на столот кога беше заменет, но мислам дека не ми беше лут на мене затоа што имаме добри односи, изјави Конте кој додава:

-Можеби нешто се случи на теренот со некои соиграчи. Лаутаро е многу добро момче и сè е во ред со него. Дури и денес тој вложи многу напор и даде свој придонес, вели Конте.

Лаутаро Мартинез се уште не се огласил за неговото однесување.