Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Навистина испадна идиот, светски шампион суспендиран поради видео за насилство врз жените

Британскиот борд за контролана боксот ги разгледа коментарите кои Били Џо Сандерс, светски првак во супер средна категорија ги изнесе во видео кое го сними во својот двор. Донесе одлука да ја суспендираат неговата боксерска лиценца се до сослушувањето поради неспортското однесување. Времето и местото на сослушувањето дополнително ќе бидат објавени штом се создадат услови за такво нешто.

А, што направи Сандерс.

Во текот на пандемијата со коронавирусот, сними видео во својот двор со кое сакаше да испадне смешен. Стоеше покрај боксерска вреќа и објаснуваше како треба да се удира жена доколку премногу биде досадна за време на изолацијата, односно 14 дневниот претстој дома.

Ова видео предизвика бројни негативни коментари, а боксерот беше критикуван дека со ова прави промоција на насилство врз жените.

Подоцна тој се извини, со се чини дека наместо смешен, испадна идиот.