Connect with us

Ракомет

(Видео) Навивачите слават, Македонија е прва во групата

Македонските навивачи еуфорично го прославија крајот на мечот до ракометниот европскиот првак Германија, кој заврши со изедначен резултат 25: 25.

Македонија одигра рамноправно со актуелниот европски шампион, Германија за да обезбеди 25:25 реми со големиот победник, откако во финишот на мечот имавме и шанса за голема победа, само доколку влезеше одличниот обид на вистинскиот „воин“, Стојанче Стоилов.

Македонските момци од почеток до крај беа израмнет противник на Германците, а на моменти дури и подобри од нив, но на крајот нерешениот резултат е реален и со него го имаме првото место, а покрај тоа „носиме“ и три поени во втората рунда во Вараждин, каде што не чекаат репрезентациите на Данска, Чешка и Шпанија.

Искуството на Филип Талевски во Бундеслигата се покажа клучно и тој беше нашиот најдобар стрелец со 6 гола, додека Дејан Манасков и капитенот Кирил Лазаров имаа по 5, додека на голот конечно во вистинско издание го видовме Борко Ристовски со 12 одбрани, вклучувајќи ја и клучната во финишот на натпреварот.